Ливерпул е шампион на Англија во фудбал. Ливерпул во четвртокот вечерта ја обезбеди титулата во Премиер лигата за изданието 2019/2020, иако не играше.
Благодарение на победата на Челзи над Манчестер Сити од 2:1, Ливерпул е прогласен за шампион.
На седум кола до крајот, Ливерпул има 86 бодови, 23 повеќе од Манчестер Сити на второто место.
Славниот Ливерпул последната титула ја освои во 1990. Сега има 19 англиски титули.
Челзи го доби дербито од 31. коло благодарение на голот од пенал во 78. минута. Вилијан погоди од белата точка, бидејќи пеналот беше досуден по прегледот на ситуацијата во ВАР системот.
исто така
Конечно, Ливерпул се радува на победа
Кристијан Пулишиќ го доведе Челзи во водство во 36. минута. Кевин Де Брујн израмни во 55. минута. Челзи е на четвртото место со 54 бодови.
Ливерпул во средата навечер победи со 4:0 против Кристал Палас.