Акциската суперѕвезда Вин Дизел пристигна во Лос Анџелес во вторникот вечерта за да го промовира својот нов филм Bloodshot, кој се базира на ликот од стрипот Валијант.
Во филмот, Дизел прикажува убиен маринец кој со помош на нано-технологијата и група научници се враќа во живот со неверојатни супермоќи.
„Многу сум среќен што го гледам филмот вечерва. Исто така, мило ми е што толку многу луѓе се појавија на премиерата, што го докажува она што го кажувам веќе некое време, дека луѓето треба да избегаат од својата изолација и мило ми е што им овозможивме. Ова е забавен филм и едвај чекам да ја видам реакцијата и благодарноста на луѓето откако ќе го погледнам“, рече Дизел за време на неговата парада на црвениот тепих.
Премиерата на филмот како и неговото прикажување во кината доаѓа во критично време за општеството, бидејќи светот е шокиран од избувнувањето на коронавирусот кој однесе животи на неколку илјади луѓе, пренесува Коха. Паниката што ја предизвика ширењето на оваа болест значително ја погоди и шоубиз индустријата, со откажување на многу профитабилни настани како што се премиери и кинематографски лансирања и концерти и музички фестивали.
Филмот „Bloodshot“, во кој играат и актерите Еиза Гонзалес, Гај Пирс и Сем Хјуган, ќе почне да се прикажува во кината од 13 март.