Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се сретна со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.
Тој рече дека посетата на Паролин е доказ за заедничката посветеност за унапредување на билатералните односи со државата Ватикан.
„Косово и неговиот народ ги демонстрираа западните вредности низ вековите и денес како држава сме посветени на одржување на мирот, стабилноста и верската слобода во земјата. Ја изразив оваа посветеност и на секретарот Паролин, изразувајќи ја нашата посветеност за унапредување на ова партнерство и истовремено барајќи признание од Светата столица“, напиша Харадинај на Фејсбук.