Пајтим Касами одигра 66 натпревари за Олимпијакос и сега е на прагот да се врати во грчкиот клуб, напиша во понеделникот „Gazzetta.gr“.
Грчките медиуми пишуваат дека Касами бил присутен на натпреварот Олимпијакос - Волос кој во неделата на стадионот „Караискакис“ заврши 1:1.
Касами беше дел од грчката фудбалска елита од 2014 до 2017 година.
Касами, играчот за врска кој има одиграно 12 натпревари со швајцарската репрезентација, минатата сезона беше дел од Базел. Неговиот договор истече во јули.
Поранешниот играч на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, пред неколку дена стана дел од Олимпијакос.
исто така
Касами се враќа во Италија
Касами има богата кариера како фудбалер. Се одржа во младинците на Цирих, Винтертур, Ливерпул и Лацио.
Имаше кариера во сениорски тимови во Белинцона, Палермо, Фулам, Луцерн и Сион.