KOHA.net

СОТ

Годинава Косовците консумирале 2 милиони кг колачиња од Србија

Во текот на оваа година во Косово од српската држава влегла стока вредна околу 8 милиони евра.

Од нив 5 милиони евра се дадени за увоз на 2 милиони килограми колачиња и слатки од оваа земја.

Портпаролот на косовската царина, Адриатик Ставилеци, најави дека во однос на лани, процентите на увозот од Србија остануваат исти.

Увозот на производи од Србија, додава Ставилеци, е насочен кон прехранбената индустрија, но има и други индустриски производи, додека извозот на Косово во Србија е насочен кон овошје, зеленчук и градежни материјали.

Според граѓаните, голем дел од локалните производи може да се заменат со производи кои доаѓаат од Србија и други земји од регионот.

Економскиот експерт Мустафа Кадријај вели дека додека компаниите од Србија успеваат да имаат голем пазар во Косово, косовските производи имаат потешкотии да навлезат на српскиот пазар.

Берат Рукиќи, претседател на Стопанската комора на Косово, оцени дека во моментов постои трговски дисбаланс меѓу Косово и Србија и тоа, според него, штети на економијата на земјата.

Според податоците на Агенцијата за статистика, Косово и понатаму се соочува со висок трговски дефицит. Придонесот на извозот со земјите од ЦЕФТА според податоците од октомври 2021 година изнесува над 24 милиони евра, додека увозот е близу 90.3 милијарди евра.