Новиот кинематографски проект „Балерина“, кој е базиран на приказната од филмовите „Џон Вик“, ќе почне да се прикажува пред светската јавност за помалку од еден месец.
Студиото „Лајонсгејт“ веќе го објави најновиот трејлер за филмот во кој протагонистката, Ана де Армас, има мисија за одмазда. Латиноамериканската актерка ја игра Ив Макарони, Русинка која гони група атентатори кои се одговорни за убиството на нејзиниот татко.
Приказната се одвива помеѓу настаните од филмовите „Џон Вик: Поглавје 3 – Парабелум“ и „Џон Вик: Поглавје 4“, фокусирајќи се на платен убиец кој накратко се појавува во третото продолжение, а кој првично го играше актерката Јунити Фелан.
Во филмот глуми и холивудската ѕвезда Кијану Ривс во улогата на Џон Вик. Во филмот глумат и Иан Мекшејн, Анџелика Хјустон, Ленс Редик, Габриел Бирн, Каталина Сандино Морено и Норман Ридус, а режисер е Лен Вајзман.
„Од светот на Џон Вик: Балерина“ пристигнува во кината на 6 јуни.
-
Ана де Армас вели дека ја обожава својата улога во филмот „Балерина“
-
Се очекува Кијану Ривс да се придружи на филмот „Лего“
-
Љубов што инспирира уметност: Александра Грант го открива влијанието на Кијану Ривс врз нејзиниот живот
-
Балерини се борат за своите животи во филмот „Убава смртоносна“
-
Сестрата на Дуа Липа го има своето филмско деби како криминалец