Манчестер Јунајтед и официјално го назначи Рубен Аморим за нов тренер.
„Црвените ѓаволи“ се договорија да му платат 11 милиони евра обештетување на Спортинг Лисабон за да го пуштат Аморим.
39-годишниот тренер потпиша договор до 2027 година со можност за продолжување на уште една година.
Тој ќе ја преземе функцијата од 11 ноември.
Аморими доаѓа на местото на отпуштениот Ерик тен Хег на клупата на Јунајтед.
Аморими беше тренер на португалски тимови како Каса Пиа, Брага и неодамна Спортинг. Во единствената сезона кога ја водеше Брага, го освои Лига купот. Со Спортинг успеа двапати да го освои Лига купот и два пати беше прогласен за шампион.