Претседателот на Русија, Владимир Путин, го предупреди финскиот претседател Саули Ниинисто дека влезот во НАТО и откажувањето од неутралниот статус на Финска би било „грешка“, јавува Би-Би-Си.
Тој му кажа на Ниинисто дека нема опасност за безбедноста на Финска.
Двајцата претседатели одржаа телефонски разговор во саботата, пред Финска да поднесе официјална апликација за членство во НАТО.
Шведска, исто така, даде индикации дека планира да се приклучи на НАТО, по руската инвазија на Украина.
Финска дели 1300 километри гранична линија со Русија. Досега не влезе во НАТО за да не ги расипува односите со источниот сосед.
исто така
Русија и одговори на Финска: Напуштањето на неутралноста би било грешка
Путин не упати никакви конкретни закани за одмазда за потегот на Финска, но руското Министерство за надворешни работи даде индикации дека ќе возврати.
Одлуката на Русија да го прекине снабдувањето со електрична енергија во Финска се смета за првичен знак.