KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
Арбери

Денеска се одбележува Денот на животната средина

Денеска е Меѓународен ден на животната средина, кој беше прогласен во 1972 година од страна на Генералното собрание на ОН.

Целта на овој ден е да се подигне свеста за еколошките прашања и да се привлече политичкото внимание на овие прашања како и да се поттикне индивидуална акција во оваа насока.

Овој датум е избран затоа што се совпаѓа со денот на отворањето на Конференцијата на Обединетите нации за животна средина, која се одржа во 1972 година во Стокхолм, под покровителство на Програмата на Обединетите нации за животна средина.

Овој ден е пропратен со бројни активности, каде уште еднаш главните активности ги организираа Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, општините, невладините организации и други институции./кп