Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Република Косово, Беџет Пацоли, на редовна работна средба го прими амбасадорот на државата Катар во Албанија, нерезидент за Косово, неговата екселенција Али Бин Хамад Ал Мари, со кој разговараа за одличните односи меѓу двете земји, се соопштува преку соопштение за медиумите.
Во рамките на оваа средба, амбасадорот Ал Мари беше информиран за процесот на отворање на Амбасадата на Република Косово во Доха, што само по себе е порака дека Косово високо ги цени односите со државата Катар.
„Во оваа прилика министерот го информираше и за средбата што ја одржа во Истанбул со шеикот Абдула бин Калифа Ал Тани, кој е дел од кралското семејство на Катар, а воедно и поранешниот премиер на Катар, со кого разговараа за важноста од продлабочување на економската и политичката соработка со Катар“, се наведува во коминикето.
Амбасадорот Ал Мари беше информиран и за планот на министерството за официјална посета на Катар во септември, а во тој случај ќе биде отворена Амбасадата на Косово, а ќе се одржат и средби на високо ниво со цел зголемување на билатералната соработка на сите полиња.
-
Пацоли вели дека Амбасадата на Косово во Доха ќе биде отворена во септември
-
Пацоли ги прифати копиите од акредитивните писма од катарскиот амбасадор, ги цени одличните односи меѓу двете земји
-
Косово отвори амбасада во Катар
-
Катар ќе го поддржи Косово за ново признавање и членство во меѓународните организации
-
Косово бара инвеститори од Катар