Клаудио Раниери може да се врати во италијанскиот фудбал, но во Серија Б.
„Sportitalia“ во средата напиша дека Раниери може да го преземе раководството на тимот на Каљари, кој го разреши тренерот Фабио Ливерани.
Италијанскиот медиум објави дека Раниери е главен фаворит за на чело на Каљари, кој по 18 кола е на дното на табелата со 22 бода.
71-годишникот беше на чело на Каљари од 1988 до 1991 година.
Неговата последна работа беше во Ватфорд во Премиер лигата, но траеше само 14 натпревари пред да добие отказ во јануари оваа година.