Напаѓачот Единсон Кавани најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Ла Лига. Како што пренесува „АС“ во петокот, интерес за услугите на Кавани веќе покажале четири екипи од Шпанија.
Станува збор за Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад, Виљареал и Севиља. Кавани ќе биде слободен играч на крајот на овој месец бидејќи неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува и шпанските тимови гледаат на неговиот трансфер како добра и евтина опција.
35-годишниот фудбалер беше дел од Јунајтед од 2020 година, но минатата сезона немаше многу простор поради повреди. На 20 натпревари во сите натпреварувања, Кавани постигна два гола и даде една асистенција.