Патрик Виера би можел да се врати на тренерската работа откако минатиот месец доби отказ од Кристал Палас. „Калчомеркато“ во четврток објави дека Виеира може да го преземе раководството на тимот на Интер, бидејќи веќе бил контактиран од челниците на клубот.
Францускиот техничар се смета за идеална замена за Симоне Инзаги, кој се очекува да добие отказ поради лошите резултати во последно време. Виеира е подготвен да работи во италијанскиот фудбал, кој добро го познава бидејќи како играч направи кариера во Јувентус и Интер.
Тој беше на чело на Кристал Палас од 2021 година, додека претходно како тренер работеше и во Франција во Ница и Австралија во Њујорк Сити.