Поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон повторно се врати на чело на Кристал Палас.
Премиерлигашот во вторникот објави дека потпишал со Хоџсон за остатокот од сезоната. Хоџсон на оваа позиција го замени Французинот Патрик Виеира, кој пред денови доби отказ поради слабите резултати. 75-годишниот Хоџсон добро го познава клубот, откако претходно го раководеше.
Тој беше на чело на Кристал Палас од 2017 година до 2021 година, кога реши да си замине.
Тој е невработен од минатата година кога ја заврши сезоната со Ватфорд, тим кој не успеа да го задржи во елитата на англискиот фудбал. Кристал Палас е 12-ти на табелата со 27 собрани бодови по 28 одиграни натпревари.