KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Хејтинга го презема Ајакс до крајот на сезоната

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Џон Хејтинга е назначен за тренер на тимот на Ајакс.

Тимот од Амстердам во четвртокот го претстави Хејтинган кој ќе биде на чело на тимот до крајот на оваа сезона.

На оваа функција, Хејтинга доаѓа на местото на Алфред Шројдер, кој беше отпуштен минатата недела. Хејтинга од почетокот на оваа сезона е тренер на вториот тим на Ајакс и сега ја има одговорноста на првиот тим.

Деталите од договорот меѓу страните не се обелоденети, додека Ајакс ја остави отворена можноста Хејтинга да продолжи да биде тренер на тимот и по тековната сезона.

39-годишниот играч е производ на академијата на Ајакс, тим за кој настапуваше како професионалец, пред да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, Евертон, Фулам и Херта Берлин.

Со репрезентативецот на Холандија има и 87 настапи.