Ливерпул очајно сака да го задржи напаѓачот Роберто Фирмино. Но, неговиот престој на „Енфилд“ и понатаму останува под сомнеж, а напаѓачот бара повеќе минути за да остане во Ливепроли.
Бразилскиот напаѓач побара да биде дел од стартниот тим на Ливерпул за да биде подготвен за Светското првенство што ќе се одржи во Катар оваа година.
Договорот на Фирмино со Ливерпул истекува во 2023 година, а играчот допрва треба да се договори за продолжување на договорот.
„Дејли Телеграф“ објави дека англискиот клуб неодамна одбил понуда од 20 милиони евра од Јувентус.
Од англискиот клуб се убедени дека ќе го убедат 30-годишниот да го продолжи договорот.