Хрватот Славен Билиќ е назначен за тренер на тимот на Ватфорд кој се натпреварува во англиското првенство. Вотфорд во понеделникот го потврди ангажманот на Билиќ, кој потпиша договор на 18 месеци.
Тој на оваа тренерска позиција доаѓа на местото на заминатиот Роб Едвардс.
„Со сите одлуки кои ги донесе бордот на клубот, мислам дека промената на тренерот е најдобро за интерес на Вотфорд“, изјави сопственикот на клубот, Џино Поцо. Во изданието 2019/20, поранешниот хрватски фудбалер работеше во Англија, враќајќи го Вест Бромвич во Премиер лигата. Работел и како тренер во Премиер лигата, раководејќи го Вест Хем Јунајтед.