Барселона му понудила нов договор на Ансу Фати, пишува во четвртокот „Мундо Депортиво“.
Шпанскиот тим чека одговор од неговиот агент Жорге Мендеш. Во новиот договор што го нуди Барса, се вели дека ќе има зголемување на платата како што се подобрува економската состојба во клубот, иако и сега е вклучено значително подобрување.
18-годишниот фудбалер има договор до јуни 2022. Шпанецот неодамна се врати во Барселона по повреда и одигра еден натпревар во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите.