KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Ајакс инсистира на Суарез

Луис Суарез се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Напаѓачот го напушти Атлетико Мадрид како слободен фудбалер, бидејќи клубот не му понуди продолжување на договорот.

За Уругваецот се натпреваруваат добро познати европски тимови.

Но шпанските медиуми пренесуваат дека Ајакс неодамна пројавил интерес за Суарез.

Холандскиот шампион го гледа Суарез како идеална замена за Себастиен Халер кој ќе премине во Борусија Дортмунд.

Ајакс е подготвен да му понуди на играчот двегодишен договор, со можност за продолжување на уште една година.