Британската музичка ѕвезда Сем Смит го најави лансирањето на својот четврти студиски албум насловен „Глорија“.
Проектот, кој го следи албумот од 2020 година, „Love Goes“, се планира да излезе на 27 јануари 2023 година, пишува порталот „NME“.
Со објавувањето на официјалниот постер на албумот „Глорија“ на социјалните мрежи, Смит изјави дека се чувствува исклучително среќен што конечно може да сподели детали за долгоочекуваниот проект од фановите.
„Се чувствувам среќно и емотивно кога почнувам да се возбудувам за новиот албум и се подготвувам да им го предадам ова уметничко дело. Во секој поглед беше магично да се реализира овој музички проект и со тоа што ти го подарувам албумот ти давам и дел од моето срце и душа. „Глорија“ ми помогна во некои темни времиња и беше светилник за мене во мојот живот. Се надевам дека може да биде исто и за тебе. Ви благодариме што чекавте толку долго. Остануваат само уште неколку месеци за чекање. Со многу љубов, Сем“, се вели во објавата на кантавторот.
Смит го создаде овој музички проект помеѓу три студиа за снимање, во Лос Анџелес, Јамајка и Лондон, соработувајќи со различни продуценти и текстописци. Според соопштението за печатот, „Глорија“ е лична револуција за Смит, кој пее за секс, лаги, страст, самоизразување и несовршеност.
Во меѓувреме, во петок и сабота (21 и 22 октомври) се очекува пејачката да одржи неколку концерти во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон. Сем ќе изведе некои од неговите најголеми хитови како и некои песни од неговиот нов албум „Глорија“.
-
Славата го спречува Сем Смит да ја пронајде љубовта на својот живот
-
Новиот сингл на Сем Смит е избран за омилен на неделата на музичките фанови
-
Сем Смит го објавува новиот сингл следниот четврток
-
Хари Стајлс ќе го објави својот нов албум на почетокот на следната година
-
Рита Ора е воодушевена од новиот албум, открива кој е нејзиниот сон