KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
KULTURA

Финска и ги враќа одземените дела на Русија, Франција продолжува да ги чува

Финска ќе и врати на Русија три пратки уметнички дела, кои беа конфискувани од царинската испостава, соопшти Министерството за надворешни работи на Финска.

Сликите и скулптурите - вредни 46 милиони долари - беа на пат од Италија и Јапонија до рускиот музеј кога беа запленети на границата Ваалимаа поради сомневање за непочитување на европските санкции против Русија, изјави директорот на царината Хану Синкконен, цитиран од агенциите. .

Во соопштението, Министерството за надворешни работи на Финска рече дека Европската унија ги променила постоечките правила за да исклучи некои културни артефакти од списокот со санкции. Законските измени стапија на сила на 9 април, по што царинските службеници дадоа дозвола за извоз на уметнички дела. Промената на правилото е направена само за „културните добра што се позајмуваат во рамките на формалната културна соработка“, се вели во соопштението, без дополнително објаснување за мотивацијата за исклучокот.

Многу од конфискуваните дела беа позајмени од руската државна галерија Третјаков и Државниот музеј за ориентална уметност, за изложување во две италијански галерии, миланската Пјаца Скала и Музејот на модерна и современа уметност во Удине. Другите уметнички дела беа вратени во Московскиот државен музеј за ликовни уметности Пушкин од музејот на градот Чиба во Токио.

По инвазијата на Украина, Русија е погодена со остри санкции од страна на Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Министерството за надворешни работи на Финска соопшти дека на списокот на санкции на Европската унија е вклучена уметност, која е окарактеризирана како „луксузна стока“.

исто така Финска делумно се повлекува од Венециското биенале по враќањето на рускиот павилјон KULTURA Финска делумно се повлекува од Венециското биенале по враќањето на рускиот павилјон

Санкциите ги искомплицираа напорите на Русија за враќање на нејзиниот културен имот, кој моментално е позајмен на европските институции, во услови на брзо влошување на меѓународните односи. Во март, Државниот музеј Ермитаж во Санкт Петербург, Русија, побара предвреме да се повлечат неколку заеми на дела од висок профил од изложбата во Милано и Рим. Во меѓувреме, владите на Шпанија, Австрија и Франција ги прекинаа односите со руските музеи и повлекоа некои од популарните дела од планираната изложба во музејот во Кремљ.

Француската министерка за култура, Розелин Башело, во изјавата рече дека учеството на земјата во руските културни настани „можело да се искористи како знак на дивергенција меѓу земјите од Европа“, објави весникот „Монд“.

Француската владина агенција во саботата објави дека најмалку две слики изложени во Фондацијата Луј Витон во Париз, во успешна изложба на дела на Иван Морозов, покојниот руски бизнисмен и колекционер на француската авангардна уметност, ќе останат во Франција.

од делата му припаѓаат на рускиот олигарх Петр Авен, а остатокот е сопственост на Уметничкиот музеј Дњепропетровск во Днипро, Украина, пренесува АФП. Авен, финансиер со познати врски со Путин, моментално е цел на санкции. Неговите слики нема да бидат вратени во Русија, „бидејќи нивниот сопственик ќе продолжи да биде цел на замрзнување на имотот“, се вели во соопштението на Министерството.

Во соопштението се продолжува дека втората слика, на рускиот уметник Валентин Серов, нема да биде вратена во Украина „додека ситуацијата во земјата не дозволи безбедно враќање“. Тој нагласи дека оваа одлука е „на барање на украинските власти“.

Изложбата Моросов беше затворена во април. Најголем дел од делата на изложбата - околу 200 слики - припаѓаат на збирките на Државната галерија Третјаков, Државниот музеј за ликовни уметности Пушкин и Ермитажот во Санкт Петербург.

исто така Рускиот министер за култура е санкциониран за уништување на украинското наследство KULTURA Рускиот министер за култура е санкциониран за уништување на украинското наследство

Транспортот на колекцијата ќе биде по копнен пат за да се приспособат на ограничувањата на воздушниот сообраќај меѓу Западна Европа и Русија.

Превод: Мирјете Садику