Државјанин на Косово е повреден во дворот на казино во селото Брезница во Бујаноци, во близина на територијата на Косово, соопшти во вторникот косовската полиција.
Во соопштението се наведува дека за случајот се уапсени деветмина осомничени, на територијата на Косово.
Повредениот во Регионалната болница Гњилане бил пренесен од член на семејството и е надвор од животна опасност.
„На жртвата му била укажана лекарска помош во Ургентното одделение на Регионалната болница во Гњилане и според одговорниот лекар неговиот живот е надвор од животна опасност. Регионалната истражна единица во целосна координација со државниот обвинител ги истражува околностите како се случил случајот, случај кој според обвинителот е окарактеризиран како „Убиство во обид““, се вели во полициското соопштение.
Косовските власти пред неколку години презедоа акција за запирање на нелегалните коцкарски активности во Каменица. Казината и коцкањето се забранети со закон од Владата на Косово.