Постојат многу шпекулации за иднината на Лионел Меси. Турските медиуми во четврток објавија дека аргентинската суперѕвезда би можела да се пресели во турската прва лига.
Според медиумот „Фотомак“, Галатасарај се стреми кон привремен трансфер на 38-годишникот.
Меси неодамна потпиша договор со Интер Мајами до 2028 година.
Но, поради крајот на сезоната во Соединетите Американски Држави, ќе има пауза од декември до март.
Галатасарај ќе се обиде да ја искористи оваа пауза за да го убеди да го облече дресот на големиот турски тим, како подготовка за Светското првенство во 2026 година.
Меси моментално тренира во Саудиска Арабија, во спортската академија „Сауди Махд“. Ова го потврди и извршниот директор на академијата, Абдула Хамад.