Еден 69-годишен маж загина по тепачка на протестите за конфликтот меѓу Израел и Хамас што се одржаа во неделата попладне во Таузенд Оукс, Калифорнија, јавува CBS News.
Полициските власти го идентификуваа 69-годишникот како Пол Кеслер, про-израелски демонстрант. Еврејската федерација од Лос Анџелес ја опиша жртвата како „постар Евреин“ и тврди дека пропалестински демонстрант го удрил со мегафон.
Советот за американско-исламски односи го осуди наводниот напад и изрази поддршка за еврејската заедница.
Соопштено е дека ситуацијата се случила околу 15:20 часот на раскрсницата на булеварот Вестлејк и булеварот Таузенд Оукс, каде истовремено се одржуваат два протести, еден произраелски и еден пропалестински. Сведоците им кажале на истражителите дека пропалестински демонстрант го удрил Кеслер, кој потоа паднал со глава на земја.
Тој бил пренесен во болница каде починал еден ден подоцна.
По испитувањето на жртвата, властите ја класифицираа неговата смрт како убиство. Истрагата за случајот се уште е во тек.
-
Илјадници протестираат про-израелски во Вашингтон
-
6-годишен Палестинец во САД почина откако беше избоден со нож
-
Еден убиен, петмина повредени во вооружени напади во неколку израелски градови
-
Најмалку 60 загинати во израелските напади во Газа
-
Поделените Израелци одбележуваат две години од почетокот на војната во Газа