Тајланд и Камбоџа се согласија на моментален прекин на огнот, соопштија во саботата министрите за одбрана на двете земји.
Двете страни се согласија да го замрзнат движењето на трупите и да им дозволат на жителите што живеат по граничните области да се вратат дома, со што се стави крај на неколкунеделните борби во кои загинаа најмалку 41 лице.
Доколку прекинот на огнот се одржи 72 часа, 18-те камбоџански војници што ги држи Тајланд ќе бидат ослободени, објави Би-Би-Си.
Договорот дојде по неколкудневни разговори меѓу претставници на двете земји.
Во заедничката изјава се нагласува дека нападите врз цивили, инфраструктура и воени цели мора да престанат.
исто така
Камбоџа и Тајланд постигнаа договор за моментален прекин на огнот
„Двете страни треба да избегнуваат неиспровоцирани напади или движење на трупи кон позициите на трупите на другата страна“, се вели во соопштението.
Договорот за прекин на огнот беше прекинат на почетокот на декември кога избувнаа нови судири. Двете земји меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот.