KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Путин им нуди поддршка на Турција и Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство и вети помош и на Турција и на Сирија по земјотресот со јачина од 7.8 степени според Рихтеровата скала во кој загинаа илјадници луѓе, пишува Би-би-си.

Путин му рекол на сирискиот претседател Башар ал Асад: „Се надеваме на брзо закрепнување на сите повредени и подготвени сме да ја обезбедиме потребната помош за да се надминат последиците од оваа природна катастрофа“, пренесува AFP news.

Во пораката упатена до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Путин изрази сочувство и „искрена поддршка“ до семејствата на жртвите и рече дека Русија е „подготвена да ја обезбеди бараната помош“.