Француските синдикати продолжија со штрајковите додека се обидуваат да извршат притисок врз новиот премиер, Себастијан Лекорну, да ги преиспита буџетските намалувања и да разгледа некаков вид данок на богатство за супербогатите.
Доцнењето на новиот кабинет на премиерот Лекорну предизвика незадоволство кај опозициските партии и синдикатите поради намалувањето на буџетот и заштитата на јавните услуги.
Помеѓу 500,000 и 1 милион демонстранти штрајкуваа на 18 септември. Во четврток, по штрајкот следеа 240 маршеви во различни градови. Беа мобилизирани околу 70,000 полицајци, објави „Гардијан“.
Се очекува Лекорну, близок сојузник на претседателот Емануел Макрон, да го одржи својот прв говор пред парламентот следната недела и да ја формира новата влада.
Неговата прва задача е буџетот за 2026 година. Но, постои неизвесност околу формата што ќе ја има законот. Лекорну ја отфрли можноста за создавање нова форма на данок на богатство, како и предлогот за данок од 2% за најбогатите во Франција според буџетот за 2026 година.
Синдикатите бараат суспензија на промените во пензискиот систем, одобрени во 2023 година, како и негова целосна ревизија.