Водачите на групата преживеани од атомската бомба, добитничка на Нобеловата награда за мир, во саботата предупредија дека ризикот од нуклеарна војна расте, повторувајќи го својот повик за укинување на нуклеарното оружје.
„Меѓународната ситуација постепено се влошува и сега се водат војни бидејќи земјите се закануваат да користат нуклеарно оружје“, рече Шигемицу Танака, преживеан од американското бомбардирање на Нагасаки во 1945 година и ко-директор на групата Нихон Хиданкио, пренесува Ројтерс.
„Се плашам дека ние како човештво сме на пат кон самоуништување. Единствениот начин да се запре ова е нуклеарното укинување“, додаде тој.
При доделувањето на наградите на преживеаните, норвешкиот Нобелови комитет го нагласи уништувањето од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки и долгата работа на јапонската група за ослободување на светот од нуклеарно оружје.
Напорите на групата се од клучно значење во светот денес, рече комитетот.
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец сигнализираше дека Москва ќе размисли за нуклеарен одговор доколку САД и нивните сојузници дозволат Украина да нападне длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел.
-
Јапонската антинуклеарна група ја доби Нобеловата награда за мир
-
Нагасаки одбележува 80-годишнина од атомското бомбардирање
-
Трамп нема да ја добие Нобеловата награда за мир ниту оваа година, но ќе влијае на победникот, велат експертите
-
Над 280 кандидати за Нобелова награда за мир, меѓу нив веројатно и Трамп
-
Османи вели дека би го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир