Во 2024 година, речиси еден од тројца осомничени уапсени за кривични дела поврзани со тероризам во Европската Унија бил малолетник или младо лице. Најекстремен случај бил оној на 12-годишно дете кое било уапсено за планирање терористички напад, се вели во извештајот. Извештајот на Европол за терористичките закани во ЕУ беше објавен во вторник.
Некои од неодамнешните случаи на убиства и насилни напади се поврзани со онлајн култни заедници, кои користат дигитални платформи за ширење и нормализирање на екстремна суровост, уценување на жртвите и радикализирање на младите луѓе, поттикнувајќи ги да извршат насилни дела. Овие групи често ги таргетираат најранливите малолетници, обично на возраст меѓу 8 и 17 години. Многу од нив имаат идеолошки врски со тероризмот и десничарскиот насилен екстремизам, окултизмот и сатанизмот, според неодамнешниот извештај на Европол.
Конфликтот во Газа продолжува да има големо влијание врз нивото на терористички закани во ЕУ. Имаше бројни напади и повици за насилство од различни идеологии. Терористичката и насилната екстремистичка пропаганда на интернет го искористи конфликтот за поттикнување омраза, а антисемитизмот стана вообичаен елемент.
Исто така, руската агресија врз Украина послужи како поттик за ширење на екстремистички наративи и мобилизација на радикализирани поединци.
Во Сирија, соборувањето на режимот на Башар ал-Асад во декември 2024 година и формирањето на нова влада предводена од лидерот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), Ахмед ал-Шара, донесе големи промени со потенцијални последици за регионот. Постои растечка загриженост за способноста на новото раководство да се бори против тероризмот, за зголемениот интерес на радикализираните екстремисти да патуваат во регионот и за иднината на илјадници затвореници кои моментално се наоѓаат во објекти контролирани од Сириските демократски сили (SDF).
Употребата на генеративна вештачка интелигенција за креирање и ширење пропаганда и говор на омраза достигна невидени нивоа, особено во рамките на крајно десничарските кругови. Слично на тоа, шифрираните платформи се широко користени за безбедна комуникација, координација, регрутирање, ширење пропаганда и поттикнување на мобилизација и насилство.
-
Како групите на омраза и терористичките организации ги користат платформите за игри за регрутирање деца
-
Европол предупредува дека малолетниците се сè повеќе цел на терористичка пропаганда
-
Дали Европа е на работ на епидемија на сајбер напади?
-
УНИЦЕФ: Обидите за самоубиство кај учениците во Косово се зголемија од 3.4% на 10%
- Зошто менталното здравје на децата не може да почека?