На 30-годишнината од формирањето на огранокот на Демократската лига на Косово (ЛДК) во Гњилане, претседателот на оваа партија Иса Мустафа изјави дека продолжувањето на државното градење на Косово се врши во партнерство со Европската Унијата и Соединетите Американски Држави.
Мустафа рече дека се благодарни за придонесот на САД во ослободувањето на Косово и за нивната посветеност на демократизацијата на најновата држава во Европа. Тој додаде дека ќе се заложат за зголемување на соработката со американската страна, но истакна дека државата Косово нема перспектива доколку нема партнерство со ЕУ и САД.
„Мораме да работиме и да имаме пријатели во Европа и во странство. Без партнерство со Европската унија и без партнерство со САД, немаме економски, развојни и демократски перспективи. Демократска земја не може да се развива ако нема економска, културна, демократска и образовна иднина“, рече Мустафа, пренесува КОХА.
Шефот на ЛДК побара од Европската унија да ги укине визите за граѓаните на Косово, акција која би била добредојдена. „Само ние сме сè уште оковани во Косово и немаме слобода на движење како другите земји. Ние сме многу цивилизирана земја и европска земја и имаме за цел да станеме членка на ЕУ и да бидеме дел од единствениот европски пазар“, додаде Мустафа.
Во меѓувреме, градоначалникот на општина Гњилане, Љутфи Хазири, изјави дека ЛДК ги научила лекциите кога била во опозиција, а сега во власта не ги повторува грешките на другите.
-
Мустафа: Тие што ги загрозија односите со САД немаат легитимитет да зборуваат во име на Косово
-
Мустафа: Дијалогот се користи за условување на либерализацијата на визите
-
Мустафа: ЛДК беше казнета што ја прекина коалицијата со ВВ, јас и денеска би ја прекинал
-
Мустафа: ЛДК ќе биде уште посилна на овие избори
-
Мустафа: Со однесувањето на Србија и ЕУ, дијалогот ја губи смислата