Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска се сретна со министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер.
По оваа средба, Харадинај и се заблагодари на Германија со зборовите „Данке Дојчланд“ откако, како што рече, го добил „Да“ на оваа земја за визна либерализација.
„По средбата со министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер, го добивме германското „Да“ за визна либерализација. Благодарам на канцеларката Меркел и на германската држава за континуираната доверба и поддршка за народот на Косово“, порача Харадинај преку објава на Фејсбук.
На средбата присуствуваше и шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, кој рече дека таму се разговарало и за визната либерализација.
„Се договоривме да формираме работни групи за што поскоро да се спроведе визната либерализација! Ти благодарам Германија!“, пишува Пацоли на Фејсбук.
-
Харадинај им честита на граѓаните што Германија уште еднаш ја потврди поддршката за визите
-
Харадинај: Косово, честитки за визната либерализација
-
Харадинај-Стубла вели дека во Германија добил позитивни сигнали за либерализација
-
Харадинај е убеден дека со претседавањето со ЕУ од страна на Германија, Косово ќе се либерализира
-
Харадинај: Ги исполнивме сите услови за либерализација