Одбојкарската репрезентација на Франција се пласираше во финалето на машкиот олимписки турнир в четврток.
Во полуфиналниот дуел одигран на „Ариаке Арена“ Французите ја победија Аргентина со 3:0 (25:22, 25:19, 25:22) во сетови.
Во финалето Франција за златниот медал ќе се соочи со селекцијата на Рускиот олимписки комитет.
Во меѓувреме, Аргентина ќе игра против Бразил за бронзениот медал на Олимпијадата.