Наполи и Рома остануваат во трката за тренерот Маурицио Сари, кој ја одбил понудата на тимот на Фиорентина, објавија во петокот италијанските медиуми.
Се дознава дека Сари не бил подготвен да го преземе раководството на Фиорентина пред крајот на актуелното издание и затоа не ја прифатил понудата на клупските челници од Серија А.
Сепак, Наполи и Рома се во игра за поранешниот тренер на Јувентус, кој е подготвен да се врати на работа во италијанската лига на крајот од оваа сезона.
Сари е невработен од минатата година кога доби отказ од Јувентус.