Кристијано Роналдо на крајот ќе го напушти Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок. „Скај Спортс“ во средата објави дека Роналдо веќе постигнал договор со Јунајтед да си замине на почетокот на следната година.
Во Јунајтед долго време сакаат да си замине Португалецот кој не е дел од плановите на тренерот Ерик тен Хаг и чекаат понуди. Англискиот тим се надева дека Роналдо по Мундијалот ќе има понуда од други селекции кои за неговиот картон ќе понудат најмалку над десет милиони евра.
37-годишниот фудбалер има договор со Јунајтед до крајот на оваа сезона, со опција да продолжи уште една година. Сезонава постигна три гола и направи две асистенции на 16 натпревари во сите натпреварувања.