Реал Мадрид постигна договор со голманот на Челзи, Тибу Куртоа.
Според „Дејли Мејл“, челниците на Мадрид најдоа акорд со белгискиот гард, кој го прифати неговиот трансфер во победникот на Лигата на шампионите, пренесува КТВ.
Сега останува само клубовите Челзи и Реал да најдат заеднички јазик за да ја затворат оваа зделка, со што белгискиот голман веднаш би го испратил на „Бернабеу“.
Медиумите пренесуваат дека цифрата која Реал ќе ја уплати во касата на лондончани е околу 40 милиони евра, откако голманот има само уште една година договор со „сините“.
26-годишниот фудбалер би ја исполнил очајната желба на челниците на Реал за трансфер на нов голман во својот тим.