Рафаел Надал го помина противникот во второто коло Метју Ебден со 6:3, 6:2, 6:2 на Австралија Опен во средата во извонредна претстава.
17-кратниот победник на Грен слемовите ниту за момент не ризикуваше со победата, па сега во третото коло од натпреварувањето за противник ќе го има Австралиецот, Алекс де Минаур.
Петр Квитова од Чешка го заврши дуелот со седум последователни победи против Романката Ирина-Камелија Бегу, 6:1 и 6:3, додека шампионката Анжелик Кербер од Германија триумфираше над Бразилката Беатрис Хадад Маја со 6:2 и 6: 3, емитува КТВ.
Победа ја жнееше и поранешната победничка на „Австралија опен“, Марија Шарапова, која со 6:2, 6:1 ја уништи Ребека Петерсон од Шведска, а во третото коло ќе се соочи со тенисерката Каролине Вознијацки.
30. рангирана Русинка, која беше суспендирана на 15 месеци поради употреба на мелдониум во 2016 година, лесно победи над својата 23-годишна противничка.
Во пресметката на некогашната светска тенисерка број еден, петкратната гренслем шампионка Шарапова ќе се соочи со Вознијацки, која лесно со 6:1, 6:3 ја совлада Јохана Ларсон.