Тренерот Стефано Пиоли воопшто не е сигурен во својата иднина на чело на тимот на Милан, напиша во понеделникот „Calciomercato“.
Лошите резултати минатата недела го натераа Милан да размислува за отказ на италијанскиот тренер. Во последните три натпревари Милан забележа 2 порази и 1 реми во сите натпреварувања. Настрада од Јувентус во првенството и ПСЖ во Лигата на шампионите, пред да ремизира 2:2 со Наполи во Серија А.
Моментално го зазема третото место во првенството, додека во Лигата на шампионите се уште не знае за победа каде по три одиграни натпревари собра два бода. Се зборува дека Пиоли веќе е предупреден од клубот и дека мора да се врати на победата на следниот натпревар. Милан во сабота игра на домашен терен против екипата на Удинезе.