Бразилскиот лев бек Марсело сака да го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок, пренесува „Спорт“ во четврток.
Марсело доби неколку понуди од други тимови и сериозно размислува да го напушти Реал. Бразилскиот репрезентативец го посакуваат Јувентус, Арсенал, Милан и Пари Сен Жермен. 31-годишниот Марсело има договор со Реал Мадрид до летото 2022 година, пренесува Коха Диторе.
Во Реал е од 2007 година кога дојде од Флуминенсе. Минатата сезона беше доста тешка за Марсело, бидејќи ја загуби стартната позиција во мадридскиот тим. Вкупно минатата сезона тој настапи на 34 натпревари, постигнувајќи три гола и шест асистенции.