KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Интер го официјализира Лукаку

Екипата на Интер го потврди враќањето на напаѓачот Ромелу Лукаку по една сезона помината во Челзи. Во средата вечерта преку објава на „Твитер“ Интер го пречека белгискиот напаѓач. Лукаку беше претставен по завршувањето на медицинските тестови во италијанскиот тим.

Тој една година е позајмен во Интер од Челзи.

За позајмицата на Лукаку, Интер ќе плати девет милиони евра, но нема опција да го купи на крајот од новата сезона. Лукаку играше две сезони во Интер (2019, 2020) и ја освои титулата шампион пред минатото лето да биде префрлен во Челзи за 113 милиони евра.

Тој не убедуваше со своите настапи и затоа го напушти Челзи, тим со кој има договор до 2026 година.