Се известува дека Интер има намера да се засили со ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Џанлука ди Марцио пренесува дека Интер стапил во контакт со агентите на данскиот играч за врска, чиј актуелен договор со Тотенхем истекува на крајот од сезоната.
Според овие извештаи, се вели дека Интер би сакал да го земе Ериксен бесплатно на лето, додека Тотенхем има намера да го продаде во јануари и да инкасира околу 20 милиони евра, пренесува Коха.нет.
Потсетуваме дека интерес за неговите услуги изразија неколку големи екипи.