По Нотингем Форест, во трка за напаѓачот Роберто Фирмино влезе и другиот тим од Англија, Фулам. Всушност, се дознава дека Фулам е фаворит за трансферот на Фирмино овој месец.
Бразилецот побара да го напушти Ал-Ахли и е подготвен да се врати во Премиер лигата. Пред почетокот на ова издание, Фирмино се пресели во Саудиска Арабија и потпиша тригодишен договор со Ал-Ахли. Тој оваа сезона постигна 11 гола во првенството, но не успеа добро да се прилагоди на Блискиот Исток.
За неговиот картон се очекува Фулам да плати над 10 милиони евра.