KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

Ал-Наср го официјализира Брозовиќ

Играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ е најновото засилување на тимот од Саидите Арабија, Ал-Наср. Хрватот во понеделникот беше претставен во Ал-Наср, тим за кој настапува и Кристијано Роналдо. Деталите од договорот не се соопштуваат, но се вели дека Брозовиќ потпишал тригодишен договор со вкупна вредност од 100 милиони евра.

Тој за 18 милиони евра беше префрлен во саудискиот тим од Интер.

„Сите го сакаа. Но, тој сакаше само нас“, напиша Ал-Наср на Твитер во претставувањето на Брозовиќ. 30-годишниот фудбалер беше дел од тимот на Интер од 2015 година.