KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СПОРТ

АБА со лига Б, Косово не е опција

Наесен најверојатно ќе стартува и Лигата Б на Јадранот. Јадранската лига, позната и како АБА лига, е регионална кошаркарска лига во која настапуваат екипи од Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора и Македонија.

Сигал Приштина неодамна се обиде да влезе во оваа силна регионална лига, но безуспешно. Влијанието на Србија е големо во оваа лига и тоа го тера Косово да се држи настрана од неа. Ниту во Втората лига на Јадранот не се очекува да има место за косовски екипи, пишува денеска „Коха диторе“.

„Ако не годинава, најдоцна следната година ќе почнеме. На последниот состанок донесовме одлука да го започнеме проектот и да видиме дали е можно да започнеме со Втората АБА лига во ова издание. Ги водевме разговорите, ги исполнивме предусловите, но остануваат некои нејасни прашања. Така до следното собрание закажано за 10 јули ќе имаме услови да донесеме одлука дали Втората АБА лига ќе започне наесен или следната година. Ќе почне кога ќе се исполнат сите услови“, изјави за српските медиуми Крешимир Новосел, директор на АБА лигата. Според него, идејата е шесте земји: Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора и Македонија да бидат претставени со по две селекции.

„Нема ништо ново за настапот на екипи од Косово во АБА лигата. Проблемот останува ист, влијанието на Србија. Не очекувам оваа година да има втора лига, за следната година ќе видиме дали ќе има промени“, изјави претседателот на ФБК, Еролд Белегу.

Минатото издание во Балканската лига се појавија четири косовски екипи. Приштина веќе се откажа од тоа, додека не се знае кои косовски екипи следната сезона ќе се натпреваруваат во оваа лига. Балканската лига е значително пониско ниво од Јадранската лига.