Не е изненадувачки што повеќето од најмоќните луѓе во светот живеат во раскошни домови благодарение на нивните политички позиции.
Луксузните палати и резиденции имаат и простори за слетување хеликоптери и специјални уметнички дела.
Од Царската палата во Токио, каде живее императорот Акихито до Елисејската палата во која живее Франсоа Оланд, ова се 12-те резиденции на светските лидери.

Паласио да Алворада во Бразилија, Бразил е претседателски дом од 1956 година.

Елисејската палата во Париз е официјална резиденција на француските претседатели од 1840-тите.

Царската палата во Токио

Белата куќа во САД е најпознатата претседателска резиденција во светот

Кремљ во Москва, Русија, бил изграден помеѓу 14 и 17 век

Претседателската палата во Виетнам е изградена во 1906 година

Кралицата Елизабета Втора живее во Бакингемската палата во Лондон, во која кралското семејство живее од 1837 година.

Британската премиерка Тереза Меј живее на Даунинг стрит 10 во Лондон

Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган живее во Анкара во Белата палата. Оваа палата чини 615 милиони долари

Палатата Белви во Берлин е официјална резиденција на претседателите на Германија од 1994 година

Палатата Квиринал во Рим е една од трите резиденции на претседателот на Италија. Тој е 20 пати поголем од Белата куќа.

Принцот Ханс-Адам II живее во Вадуц, Лихтенштајн
Слични статии
-
Како ги троши своите пари најбогатиот човек на светот?
-
Трамп го смени претседателскиот авион на средина од патувањето по предупредување од Тајната служба
-
Трамп отиде во Турција со новиот авион, се врати со стариот - што се случи?
-
Лидерите на НАТО се собраа на самитот во Анкара
-
Од Трамп до Меси – фудбалот и политиката се судираат на најголемото Светско првенство