Косовската царина соопшти дека во неделата спречила два обиди за шверц, при што во првиот случај била фатена прехранбена стока, а во вториот случај хидраулично масло.
Според Царината во Звечан, единиците за борба против шверцот запреле сомнително возило кое преку илегални патишта превезувало стока шверцувана од Србија кон Косово.
Во оваа прилика е затекната и криумчарена прехранбена стока, поточно чоколадо во количина од околу 60 пакувања“, велат од Царината.
Во регионот на Приштина, царинските единици открија сомнително возило кое превезувало 450 литри хидраулично масло со потекло од Иран, кое било прошверцувано на Косово.
„Стоката е привремено задржана, а против странките е поведена царинска прекршочна постапка“, велат од Царината.