Алваро Мората успешно ги заврши медицинските тестови и ќе му се приклучи на Милан, пренесува во среда „Скај“.
Напаѓачот на Шпанија ќе му се приклучи на Милан за 12 милиони евра, додека со црвено-црниот клуб од Италија ќе потпише четиригодишен договор.
Мората, кој минатата сезона со Атлетико Мадрид постигна 21 гол во сите натпреварувања, во неделата со шпанскиот тим го освои Европското првенство „Германија 2024“.
31-годишниот напаѓач претходно играше во Италија за Јувентус, додека кариера имаше и во Реал Мадрид и Челзи.