Јувентус ремизираше и трет натпревар по ред во сите натпреварувања.
Во натпреварот од 14. коло, Јувентус ремизираше на гостувањето кај Лече, 1:1, по примен гол на крајот од мечот.
Андреа Камбијасо погоди за Јувентус во 68. минута, додека Анте Ребиќ ги израмни бројките во 93. минута.
За Лече до 75. минута настапи Илбер Рамадани, додека на клупата беше Медон Бериша.
Јувентус има 26 бодови на шестото место, додека Лече има 13 бодови на 16. место.