KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Русија ќе протера црногорски дипломат

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе протера црногорски дипломат, како одговор на протерувањето на руски дипломат од официјална Подгорица по сомневањата дека Москва стои зад нападот со нервен агенс во Британија.

Велика Британија ја обвини Москва дека стои зад нападот со нервен агенс врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, пренесува REL.

Велика Британија, САД и десетици влади ширум светот протераа повеќе од 150 руски дипломати како одговор на нападот.

И покрај јазичните, верските и економските врски, односите меѓу Москва и Подгорица се влошија, бидејќи Црна Гора бара поблиски односи со Западот.

Влезот на Црна Гора во НАТО предизвика бес во Москва. Властите во Подгорица соопштија дека руското разузнавање стои зад обидот за државен удар во 2016 година.