Полицијата во Франција употреби солзавец за да ги потисне маскираните демонстранти во центарот на Париз во средата, додека илјадници Французи го искористија годишниот собир на 1 мај за да протестираат против политиката на претседателот Емануел Макрон.
Работничките синдикати и демонстрантите на таканаречените „жолти елеци“ излегоа на улиците на Франција, само неколку дена откако Макрон ги претстави новите политички предлози, вклучително и намалување на даноците во вредност од околу пет милијарди евра, пренесува Коха Диторе.
Сведок на Ројтерс видел дека полицијата користи солзавец за да ја растера групата маскирани демонстранти кои се собраа на чело на традиционалниот првомајски марш.
Некои демонстранти со маски или жолти елеци одговорија со фрлање предмети кон полицијата. Телевизиските снимки покажаа комбе со скршени стакла.
Полицијата во Франција во вторникот предупреди на можни судири на 1 мај со екстремно левичарските анархистички групи, познати како Црните блокови, откако преку социјалните мрежи беа упатени повици радикалните елементи да го напуштат патот.
-
Протести во Франција, десетици уапсени
-
По 35-дневниот штрајк во Франција, преговорите меѓу претседателот Макрон и синдикатите повторно започнуваат
-
Полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Париз
-
1 мај во светот е обележан со насилство и апсења
-
Полицијата употреби солзавец на протестите во Париз