Кралската палата во Велика Британија соопшти дека принцот Филип е префрлен во друга болница во Лондон, со цел да се направат дополнителни тестови поврзани со претходни проблеми со срцето, како и со инфекција.
Војводата од Единбург и 99-годишниот сопруг на кралицата Елизабета беше хоспитализиран во приватна болница во Лондон пред околу две недели за да се лекува од неодредена инфекција која не е поврзана со СОВИД-19.
Во понеделникот Палатата објави дека тој бил испратен во медицински центар специјализиран за срцеви заболувања. Се известува дека здравствената состојба на принцот е стабилна и дека одговара на лекување, но дека мора да остане во болница најмалку уште една недела.
Слични статии